парламент (м.)

Чув од домаќинот дека во амстердамскиот градски парламент „хипиците“ добиле на изборите две пратенички места, а од уште пет добиени се откажале, под изговор дека, ако имаат власт во рацете ќе бидат и против свиоте идеали за кои се борат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најмонуметално будимпештанското здание е Парламентот, кој се протега на стотина метри покрај Дунав и претставува круна на ова што е најубаво во архитектурата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еве ме во салата на некој парламент. Бугарскиот или грчкиот. Можеби српскиот. Не е лошо да е американскиот. Или Обединетите нации.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како што чуварот ме здогледа така истовремено вресна и прсна да бега по ходниците викајќи: - Вампир! Вампир во Парламентот! Ај анасана!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Станав јас тогаш, го притиснав тоа едно копче што му е на располагање на претседателот и почнаа сирените да завиваат низ кабинетите, канцелариите и ходниците на Парламентот, на владата и на сите нивни институции.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Всушност, тој веднаш пронајде подобро сместување за своите манипули, но нешто подоцна го ликвидира и парламентот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Маказар е во изборната единица број 24 и, бидејќи доаѓаат изборите за Парламентот, иако датумот уште не е одреден, историјата на местото ја поврзав со сегашноста, со карактеристиките на изборната единица и со можностите на политиката во овој реон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Делкасе не криел дека бил „заплашен“ со интерпелација во парламентот за ерменските и македонските работи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нема Парламент, нема пратеници што се проѕеваат, што спијат, нема бандоглави министри, кариеристи, Нема митаџии, контролори, наплатувачи, струјаџии, водаџии, нема ни патарини ни царини, а што е најважно: нема ни пци ни доушници, ти речи ги: кодоши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во понеделникот, на 14 мај во вестите, по долгите и комплицирани известувања за изборите во Италија и во Земјата на Баските во Шпанија, имаше само една реченица за Македонија: Парламентот на Македонија синоќа го прифати формирањето на национална влада во која влегуваат различните албански партии со цел да се зачува стабилноста на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првите години на независноста во францускиот парламент водеше незаборавни дебати во интерес на Македонија, во времето кога на земјата $ беше најтешко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јавните простори сѐ повеќе стануваат затворени за сите кои не се дел од пожелната јавност: „мермерната, стаклената и челичната естетика на трговските центри, музеите, банките и парламентите е толку застрашувачка што никому ни на сон не би му текнало да седне на нивните скалила за да се одмори или за да свири гитара.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Џиновско око проектирано врз швајцарскиот парламент во Берн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Интелектуалната јавност беше скандализирана, опозицијата постојано свикуваше прес конференции и даваше изјави по ходниците на Парламентот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Наместо на морските и езерските плажи во знак на протест Распнуваат шатори пред зградата на парламентот И наместо да им раскажуваат бајки на внуците Севезден се допрашуваат баш така ли се калеше челикот А меѓу нив има и такви кои во навлажнетите подшаторски соништа
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Бургиба си имаше обичај да ги следи седниците на парламентот, седнат на една голема бела фотелја, поместена меѓу говорницата и фотелјата на претседателот на парламентот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека ова Бургиба Јуниор го кажуваше, во свеста, како јасна потврда на кажаното, ми прелета еден неодамнешен настан во тунискиот парламент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јавната сфера се состои од два главни дела: органите за информирање и политичка дебата (весниците, списанијата, памфлетите); и институциите за политичка дискусија (парламентите, политичките клубови, литературните салони, кафеаните, салите за состаноци и другите јавни простори каде луѓето се собираат за да дискутираат за јавните работи и да се организираат против арбитрарната и опресивна државна моќ.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А законот у парламент тешко дека ќе помине пошо и таму има еден куп педофили.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе