парцела ж.

парцела (ж.)

Поштарот не верува дека сум мртов а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во нив на безбројните бразди, парцели и блокови зреат првите плодови: се црвенеат првите домати, се зеленеат краставичките.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа парцела во гробиштата во Бристол Илко ја закупи со госпоѓата Ана што ја запозна во бањата во Бристол каде што се лечеше од реума и која го зеде да живее кај неа и која го засака толку што не сакаше и по смртта да се раздели од него, та закупи парцела за гроб и за неа и за него - еден крај друг.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа, задолжувањето на сојовите од страна на спахиите со поделени парцели земја и издвоени стада говеда и овци, беше првото корисно раздвижување што дојде во Потковицата со Дамческите и за тоа и едните и другите ги благословуваа - на тој начин навистина приносите двојно се зголемија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа ѝ пристигна друго писмо испратено од Управата на гробиштата во Бристол, во Англија, адресирано на Илко во кое се бара изјава од него да каже дали сака и понатаму да му се чува парцелата во гробиштата што своевремено со госпоѓата Ана, сега покојна, ја закупија, бидејќи времето на договорот за чување на парцелата, е изминато.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Поштарот не верува дека сум мртов, а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И со бомбардираните места од кои прав од малтер се виореше во воздухот, а трње стрчеше над купиштата отпадоци; и со местата на кои бомбите беа расчистиле поголеми парцели и на кои никнеа сиротински колонии од дрвени живеалишта како кокошарници ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Откога ги слушнав сите интриги од луѓето и, откога ми кажааа дека и тој учествувал во сето тоа, објаснувајќи пред насобраните во дуќанот кај мостот што значи тоа арондација, дека е тоа окрупнување на земјата, спојување на парцели, во овој случај, заради продажба на луѓе од канадската мафија, па уште и дека Никола Поцо бил крвожеден, јас бев наежавен и тоа, сигурно, Владе можеше да го види и да го осети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од другата страна парцела на австралиски англиканци, потоа италијански католици, Ирци, грчки православци...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бев зачуден, дури и исплашен, кога видов дека околу многу куќи беа ископани нови парцели, мали навистина, колку што дозволува земјата во дворот или до дворот на куќата, но ги имаше многу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подножјето на ридот е поделено на парцели и на многу од нив веќе е ставен камен – темелникот на идните хотели и пред нив разделена е и плажата сега обрасната со тревишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)