патетика (ж.)
* Од него, од тој човек, на сите страни се пуштале ластари и тие што биле негови синови и внуци и синови на тие внуци плаќале данок како берачи и продавачи на тутун, афион, шеќерна репка и памук, како колари, јажари, самарџии, ковачи, воденичари, гробари, управители на пошти, пандури, архивари или ја заборавила ораницата зашто станувале металци, обликувачи на порцелан, попови, готвачи, прекуокеански печалбари, но тој татко, дедо и прадедо, Зафир Јосков, бил поп, распоп и солунски продавач на мирудии и малоазиски мелеми и пак поп во неколку села под востаничкиот град на Питу Гули, на Никола Карев и на другите, да ги спомнеме без патетика.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Умешноста со која татко му ги натрупуваше парите, како и опчинетоста со театарот, каде родителите го водеа од дете, му го зацврстија убедувањето дека патетиката и ладнокрвноста можат да бидат убоита комбинацијата ако се употребат во вистинско време и на вистинско место.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Големи зборови ни рече, чиста патетика...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Национализмот, националната љубов и патетика се работа на биологистичкиот, натуралистички разум.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Како да се разбудив. Морав да се одбранам од секаква патетика.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ретки се таквите вознесенија во литературата исполнети со возвишерност а без излишна патетика!
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги бележеше и ги паметеше најситните поединости, а ги раскажуваше и ги објаснуваше со извесна поетичност и патетика.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Доцна ми стануваше јасно во животот дека револуцијата, покај примамливата дијалектичка патетика која те привлекува во младоста, во доцните години на животот принудува да се соочуваш со нејзината метафизичка завршница.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Раскажуваа, на моменти со носталгија и незадржлива патетика, на моменти со занес, од кој никој не сакаше да ги оттргне.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според неговата длабока, интуитивна логика, со која најчесто се спротивставуваше речиси на наследената инерција на фаталноста, настојуваше да открие некаква трајната закономерност, крај силните барабани на дијалектичката патетика на новите времиња, дека токму при падовите на империите, се отвора пандорината кутија на со векови потиснувани страсти, на идеалите на поданиците на Империите, на многубројните народи кои биле потчинети на една власт на чие чело бил императорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Никогаш немаше патетика, сожалување или солзи.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)