патрон (м.)
Фрлајте бумби, патрони, до еден да изгиниме, в раце не им се даваме! Сестрице, Мукос планино, од тебе ќе се делиме!
„Од борбата“
од Блаже Конески
(1950)
Без заштита на својот патрон, Пенчо беше незабележлив во улицата. Одеше скиселен и скиснат, ги заобиколуваше луѓето и не смееше да ѝ погледне на Ана в очи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Продолжи да бара. Ако има патрони, би требало да има и пушка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По половина час пушката веќе не беше тајна за него, па зеде еден патрон, излезе пред колибата, го стави во цевката, го врати затворачот, ја крена цевката в небо и го притисна чкрапалото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стана, ја зграпчи пушката, стави пет патрони во лежиштето, стави уште дваесетина во џебовите, па се стрча кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стомне вода, троа леб, два-три сандаци патрони и митралез. Многу ли им барам?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во таквата напнатост и исчекување, дојде и патронот на Свети Наум, денот на неговата слава.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тогаш задишано дотрчал курирот од соседната чета и на командантот вака му рапортирал: „Војниците од непријателот, Бог знае од што и зошто, во еден миг се кренаа од рововите, од скрките и доловите, ги фрлија пушките и патроните, мините и ракетите, ножовите и бајонетите и со стихови кренаа кон нас.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Има посебен респект кон патронот на институтцијата, императорот Јустинијан кој што без око да му трепни се оженил со бивша ченгија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Впрочем, денешните припадници на македонската „судиска каста“ и нивните спонзори, патрони и подмитувачи, не сакаат да ги симнат матните фикции во кои е обвиткан пишаниот закон – а зад кои се крие „правото на посилниот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ја отвори и во неа најде два патрона.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)