певлив прид.

певлив (прид.)

Крај нив сѐ е озвучено Со певлив клуч отклучено, Со блага умилност.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Што е поетот со нив? Предел певлив, трпелив, Пев висок, недосеглив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ги нижам Уморените стапки (во дожди-ден) Се обѕрнувам И зачуден гледам Како таговно ме гледа Продолжена следа Од певливи капки. сенка Го поминав мостот.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Гласот му беше мек, певлив, топол.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Сите песни што ги исполнуваме се познати и певливи, директорке!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Светла како бел бигор, а мека и нежна како мирис од мошус и амбра, Калија, со збор што беше певлив и пријатен, чиниш по неговите синии бесшумно се тркалаше и ги мазнеше, ги мазнеше - така му се присторуваше на нејзиниот Марко, кога ќе почнеше да ги светнува дали синиите, дали ибриците, свеќниците, дали каделниците, ѓумовите, котлите, араниите, тавите, фенерите или леѓените.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама затоа пак гласот ѝ беше певлив, мекамлиски, без стрчки во извивањето, а за пријатната миризба на мошус и амбра што павташе од неа, и да не зборуваме.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А по нивјето, ливадите и лозјата, во бавчата и градината, во дворот и во одаите - певливо, заносно, ѕвонливо, солзливо, таговито - се пренесуваше пеењето на Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И додека една длаби во душите, друга надоаѓа нежно - певливо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А некогаш навечер кога ние излегуваме ќе треба да бидете со Патрик, но се разбира за тоа благовремено ќе ве известиме и ќе ви платиме екстра... зборуваше брзо и певливо Госпоѓа Изабел.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)