пелтечи (несв.)
А бабичката пелтечи, не распознавајќи веќе ништо низ влагата на топлите солзи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
- Ни театар, ни циркус, ни големи улици, ни тротоари, немате ни лифтови, ни големи продавници, ни автобуси, ни... - Немаме, - одвај пелтечи Толе.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Па, па... - почна да пелтечи. - Па што, па? - Па има вкус на млеко... Хм, може да се јаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Зборуваше со тон што не се запаметува но видливо побрзо одошто усните можат да му изговарат па изгледаше како малку да пелтечи.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Убаво стори, војводо! Убаво! - пелтечи доктор Коста со малку стврднат јазик, го крева шишето што некој му го подава и којзнае по којпат наздравува, поздравува, се ракува, се бакнува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бездруго, и самиот пелтечав и под контузија, тоа ѝ го рекол - гневен е, не сака да дојде пред лицето на севишниот со погана навреда на совеста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веќе почнува да пелтечи, да си ги поткасува зборовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Зошто не го побараш тој твој брат Сафет и не го прашаш како нѐ стрелаше од пусија“ и самиот во гнев пелтечеше Борис Калпак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секако јас, зашто јас сум тој што згрешил. „Молам, простете ми... згрешив... јас...“ пелтечев.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ги поздравив поздравно продавачките кои продаваа продавање, празните сали за проекции, полните пивници, го поздравив пијаниот кој пелтечи со педалите, полицаецот беспрекорен, патецот мој примерен.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
На неа ги дозавршував домашните или ги пелтечев првите француски зборови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Имаше отец Пелазгиј една маана: кога ќе беше притеснет во расправите со параболи, почнуваше да пелтечи и солзи му идеа на очи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Расцветуваш на устата каде мојата пелтечи сѐ кон неа околу неа близу до неа врз неа секогаш така неуморно, секогаш неуморно.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Мојата темелна деструкција ревносно пелтечи низ монотонијата на избезумените интриги.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Рада, која секогаш говореше течно, почна да пелтечи. Лицето ѝ доби восочна боја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тогаш почна да пелтечи. Му реков, имај убав живот, многу среќа ти посакувам и сѐ најдобро, а сега пријатно, од мене толку.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Е, сега најде кого да прашаш! - А зошто да не? - Затоа што тој пелтечи... Ха-ха-хааа!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)