пензиски (прид.)
Се додаде и нова одредба според која средствата потребни за исплаќање на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување во висина од две просечни нето плати ги покрива државата, а, доколку разликата од нето платата го надмине овој износ, средствата за придонеси ги плаќа работодавецот (чл. 8, ЗИДЗВИЛ/јул.05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, работниците уште имаа право да бараат заштита на своите права пред надлежниот основен суд, но повеќе не во наведениов случај т.е. кога ќе беа прогласени како „технолошки вишок“ – што, секако, беше на работ на неуставноста. 25 д) бројни негативни промени претрпе одредбата од ЗРО (1993) според која работниот однос не може да престане ако на работникот не му е обезбедено барем едно од следниве три права: (1) вработување кај друг работодавец; (2) стручно оспособување, преквалификација или доквалификација; или, пак, (3) испратнина – чл. 130, ЗРО/93: • во врска со испратнината, со промените до кои дојде со носењето на ЗРО (1993) веќе не се предвидуваше дека работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, а на којшто работодавецот не можел да му обезбеди ниту едно од правата во согласност со закон – има право на паричен надомест најмногу две години, а кој не може да биде помал од загарантираниот личен доход, како и право на пензиско и здравствено осигурување за овој временски период кога е без работа (чл. 18, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Законот за поттикнување на вработувањето од мај 2006 година, со важност од 1 јули 2006 година до 1 јули 2008 година, предвидуваше надоместување само на средствата за платениот придонес за пензиско и инвалидско осигурување за период од 24 месеца од вработувањето на невработените лица на неопределено време (чл. 2, ЗПВ/06).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Инвалид на трудот, во смисла на овој закон, е осигуреникот кој врз основа на инвалидност ги остварува правата од пензиското и инвалидското осигурување (чл. 41, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
5. Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време на работникот на кој, врз основа на мислење на лекарската комисија, поради таквото работење ќе му се влоши здравствената состојба; како и на работникот кој работи помалку од полното работно време [скратено работно време] во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување [инвалидност], 144 прописите за здравствено осигурување [медицинска рехабилитација] или врз основа на други прописи [родителски обврски] (чл. 120, ст.1, ал.6 и 8 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со оваа новела, која има тежина на донесување нов закон за пензиско и инвалидско осигурување, можноста да се стекне право на старосна пензија без оглед на годините на живот, само врз основа на одреден стаж [40 години за мажи и 35 години за жени] беше целосно укината (чл. 5, ЗИДЗ- ПИО/март.00).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
И забележав како волшебно се менува бојата на гласот, тонот и што е тоа и не знам, ама кога ќе застанеа на ред пред дупката на стаклото и кога „шалтерката“ ќе подигнеше поглед кон нив, дали од тоа дека парите се на дофат од пензиската членарина, чекачот звучеше поинаку.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со ваквата измена дојде до намалување од цели 8 часа(!) на минималниот период за одмор и уште еднаш се покажа генералната, негативна прогресија, при измените во трудово-правната материја; г) со усогласувањето на прописите од ЗРО и ЗПИО,30 се предвиде дека работникот кај кого е утврдена намалена работна способност за 50%, согласно прописите за пензиско и инвалидско осигурување, има право на скратено работно време или да биде распределен на друга соодветна работа, со право на плата согласно со колективен договор (чл. 29 од ЗИДЗРО/фев.13). 7.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)