пепелница ж.

пепелница (ж.)

Го стиснав жарчето во пепелницата и пак ги најдов цигарите и запалката. Ја осветлив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во хаосот околу нив лушпи од ореви, допушени црноглави гасеници во пепелницата, лепливи лочки ликер и нејасни привиденија со недооформени лица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И да ѝ говорам - Марија, (или Елена, или...) Марија, копнеам за мала кафеанска маса со бел шаршаф и чиста пепелница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од школката - пепелница чадеше неизгасената цигара. Од тоа болеа очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој прво се скочани, сосема тептисан, кога се најдоа лице в лице, а потоа на оној парталав створ му беа потребни само неколку мига за да ја спрашти во пепелници по трагата надолу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некој се сети да се миеме со пепелница. Мијај, тријај и некако ќе се поодлепи косата, ќе се позачистиш. Ќе се причестиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од срецелото натаму на југ патот одново го поприма својот поранешен изглед, повторно станува широк колку да можат да се разминат две воловски коли натоварени со снопје или со сено, или булук овци, кревајќи по себе пепелници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нему син му Парамон му испраќа од Австралија пепелници и секакви лекови од кои срцето се подмладува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И мора да направиш пакост. Пепелницата удира, Фирсов ги подзамижува очите, го менува лицето. Ги викна стражарите, и тие ме истераа в ходник.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пролетната 'рж и пченицата тајланка, како што ја викаа селаните, ги сотре житна пепелница.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја грабнав пепелницата од пред мене и ја фрлам, не мислам за потаму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1. Небаре пепелница го посипа животот на новиот Мурат-ага.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека студот штипеше, тој правеше пепелница за перењето на Калија, а кога лете доаѓаше кај нив самарџијата Димо, и на тремот со сватот Пајко се натпреваруваа во надјадување лубеници, Бошко беше тој што со мрморливо уживање ги гледаше и веднаш трчаше да ги собере расфрланите корки и резенки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој беше на твои години, нѐ служеше со пијалак, ни ги празнеше пепелниците.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ми текнува како реагирав за една манекенка што одеше со човек од другата вера. Ја опцув и ја направив подолу од пепелница.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Азра стана од столот, ја префрли преполнетата пепелница на соседната маса, а оттаму зеде празна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под врбата имаше само една клупа и долга маса на која постојано беа распослани неколку дневни весници и на нив положени очила и пепелница, најверојатно за да не ги одвее ветрот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во 10 000 предвидени проекти, дај и еден за кој нема потреба од буџет - само пепелници за по маси.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)