пеперушка (ж.)
Климент Камилски, сакајќи на посебен начин да ја означи последната средба, дојде уште рано во нашата куќа, носејќи го свечениот син, излитен костум, со жолтата пеперушка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се упати кон капијата. На вратата стоеше Климент Камилски со букет црвени ружи, облечен во син костум и жолта пеперушка.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ова го чинеше обично кога на вратот ја имаше својата жолта пеперушка, во денот што го сметаше за посебно значаен. Овој беше бездруго таков ден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)