пергамент м.
пергаментен прид.

пергамент (м.)

Или Пенчо во кралската облека, со пергамент во долгите прсти.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со пискав глас го чита од пергамент обвинението. Веќе и не го гледам зад масата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа така траело некаде до пред Илинденското востание, кога некој калуѓер нашол скриен пергамент на кој била нацртана статуата и испишани зборовите: „На први мај првиот изгрев на сонцето - каде што паѓа сенката од мојата глава - копај и ќе најдеш големо богатство...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Како лузна врз мазна кожа како длабок печат врз стар пергамент.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Останав да стојам без движење и без сили да се соочам со тајната што можела да му биде позната на некој веќе покоен чиј живот можел да има значење токму заради она што било и што е во него; куп безвредни книжни пари со восочен лик на некој монарх, записи и стари писма, чеиз и неразделиплен невестински фустан, секира на злосторство, фајанс, сребро, часовник со мртво време во механизмот, некаков пергамент, ферман акт на судбина, библија под черупка за клетва на непознати заговорници, ограбени тасови и кандила од наш западен манстир, суво ерусалимско свето дрвце, зографски платна, книги, алати, ископано, камено торзо од Стоби, шандани, присокриено брашно во некоја гладна година, мошти на лажен светец, трговски тефтери, бројници, ретки ткаенини, поскурници и дрвени распетија, беговски појас под јатаган, билје, мелеми, збирка на инсекти, коски, гниеж и претчувства, една невидена и невидлива магија, но таа, во допир со живиот свет, ќе го изгуби значењето и ќе не осиромаши за една загатливост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Новиот бог застануваше пред мене со раширени раце полни со глина, и со прониклив, пророчки поглед љубопитно навлегуваше во мене,копаше, ги читаше мојот крвав пергамент и го препишуваше со глината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Си пискав глас го чита од пергамент обвинението.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако литературата е жив пергамент кој од секунда во секунда ја бележи хрониката на „светот на животот“, тогаш таа не може да има никаква обврска кон теориските барања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа објава, според традиционалната мистика, долго време остана скриена под велот на заборавените јазици - во египетските хиероглифи, меѓу келтските руна, во пергаментите на слабо познатите религии на Азија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше тоа прекрасно парче, навистина. Пергамент -хартија, така се викаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оти рече Филозофот: „Јас буквите ини на карпата не можам да ги прочитам и да ги узнаам; најпрвин на хартија или пергамент треба да ги ставам, за да може топлината да им се врати каменот што им ја одземал, што им ја шмукнал, па потем, според топлината на буквите ќе им ја определам светлината, бојата нивна, и конечно, значењето нивно.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со каква самовозљубеност го извади пергаментот од под својата риза, и како само го разви свитокот, и како читаше, и во каква поза, како трубач небесен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Качен на највисокото дрво, седнат скрснозе во највисокото гнездо, на челото со едра светулка, во миг ќе свикаше со занес и со горделивост: „Ова на челото е дијамантот од турбанот на дедо, а ова сум јас, златно клуче, златно клуче за сребрен катинар, јас сум пергамент, јас сум тркалезна буква, уште неодгатната“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да имам Карта на Светот пергамент распнат на ѕидот да не морам како за детали да отворам енциклопедии во секое време да го имам пред очи она што ми е при срце.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Паднатиот орев, скриениот пергамент за Амор и Психа, од ларви здивен од гадинки и јајца.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)