перфекционистички (прид.)
Понекојпат двете црти здружени со острината на нејзиниот поглед, значеа укор за нешто, но и тој гест можеше слободно да се препише на перфекционистичката особина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Перфекционистичка перцепција на нештата!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Професионална и перфекционистички воспоставена рамнотежа на живеење и биоритам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Од пуста желба за совршенство, имајќи ја предвид мојата перфекционистичка нарав, се излажав дека тоа можам да го постигнам.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)