песок (м.)
Ко лице и песната бестрасна беше, но река в кристално корито, чинам, што тече низ песок, гонејќи ја полека-лека жедта на тие што минат.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Зошто ми е замрежен погледот кога под нив ќе се насмевне песокот?
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
„Песок“, му рече. „Густ, врел песок. Го сакам неговото чкртање.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие чевли ќе оставаат длабоки траги во песокот крај зелената река.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Марија, бескрајни се нашите траги во овој песок. Бесмртни се, длабоки.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- И како да истури од вреќа песок, се засмеа шушкаво, скоро безгласно.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Да легнеш подалеку од сите сенки и да ги гледаш и да ги плачеш тие мајки на сите стоења и на сите вишнеења без птици, стебла. Да легнеш и да молчиш е ова попладне крај брег симнато в песок со една во вода со друга нога застанато.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
– Е, сега нека мрдаат како риби на песок – му се испушти на Аџијата од гради една длабока воздишка.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Водите кога течат, песокот тешко им се противставува.“ „Сеедно“ , се одвои од потпирот на столот Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
7. Од болница отиде кај својот брат и му рече: „Можеби и не сум песок Јоване. Можеби водите не треба да ме избришат.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Богоулник или зрнце песок? се праша. Неизвесност, или независност?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Потоа скокна, си ја грабна кошулата, небрежно фрлена на песочето крај езерото, и се скри во непроодниот густеж на лагот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одоздола иде до ушите на Глигор шепот сличен на змиско саскање: „Песок, песок е, скокни!“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Првиот пролетен ден, слободни за неколку часа од интернатска суровост, тие го користат, фатени еден за друг со раце се кикотат вака, без некоја смисла, само за тоа дека им е добро а нешто во нив шири крилја, и сите лесни како птици летаат во просторот од вода, сонце и ситен влажен песок.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо ги наполнува градите, му светнува пред очите и за миг се најдува таму, на брегот, меѓу своите сокласници од гимназијата, безгрижно затрчани по песокот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И додека ветрот сѐ посилно фучеше околу нас разбранувајќи го песокот, пустинското дете ме довлечка до клекнатата камила и ме натера да ѝ се качам на грбот.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Од песок, од ветар, од темница и од жед многу ми се спиеше и јас заспав, заборавајќи да му се заблагодарам на пустинското дете што ме возеше на камилата.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Трајче одвреме-навреме ќе застанеше, ќе го истресеше песокот од искинатите опинци и пак ќе продолжеше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)