петти бр.
петтина ж.

петти (бр.)

ЛУКОВ: Жалам. Јас ќе бидам - петтиот?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Петто: Никој не смее да рече: нејќам, не сакам и не можам.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бе во една десетина дена и сношчи, та петта ли е шеста ли е, кој а знае! — одговори Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чул Петковден и си рекол: кај четири, тука и петтиот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Петтиот - не, не, не... Шестиот, седмиот, осмиот, осумнаесеттиот, сите - не, одговаравме во хор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Има ли таа кралица, те прашувам јас, пушкомитралезецот на првата десетина, трет вод, втора чета на првиот баталјон на сто петтата бригада, има ли таа кралица барем малку ум штом од топлата вода во широката и долга када оди под дожд?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На петтиот ден пред пладнето, кога си одеше од Потковицата, Мурад III го повика кај себе Софронија Акиноски, кој тогаш беше пензиониран спахија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жена, е од медитерански тип, меѓу триесет и петтата и четириесеттата година. лице со вовлечени темни очи, извиени веѓи, со кадрава црна коса, што мокра од снегот, се сјаи под сонцето на сијалицата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Непрекинато е во некаков бескраен залез, во онаа прва, пред четирите годишни времиња, петта доба.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа илјада осумстотини триесет и петта година умира композиторот на Норма, Белини, и се обвиваат со филц и гума тркалата на парниот автомобил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
6 Петтиот ангел од Откровението на светецот Јован Богослов од Новиот завет непрекинато и во паника дувал во долга труба од чиј сјај и водите ослепувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога заврши петтиот час конечно успеавме петтемина да се прибереме и другарски да се радуваме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Затоа одвај дочекавме да заврши петтиот час и да одиме да го побараме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Еднаш неделно имам приемен ден: четврток по петтиот час.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тој вели дека мора да се најде помош кај непријателот. „Петта колона“, беше коментарот на мама.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се шетам по Петтата Авенија и наеднаш зградите се уриваат како да се од карти...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но истрајал, и во петтиот обид сето тоа почнало да добива смисла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сотирчо, штотуку допаткал околу петтата, наврен во зелена фанелка и басмени пантолонки, туку се тегни лево десно и подвикнува Бате, ене вреќа! Бате, ене вреќа!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со Евтим се занесуваме дека и тука, одејќи редовно во четврти клас, приватно да го подготвуваме петтиот клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќе