печалбарски прид.

печалбарски (прид.)

Планинска патека води покрај прошталната чешма. Тоа е место на печалбарската разделба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Запеа некој приглувнато и зареди - тага; никогаш недоискажана тага на печалбарскиот живот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се молеше Бојана и се заколнуваше со тешки мајчини солзи, неумолива во својата преголема болка за толку рано однесениот маж и непоколеблива во своето решение да го запази синот, својата радост, својот нов живот, да го запази од сите патила што ги носи печалбарскиот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Печалбарскиот живот го почна со тајфата на Аргира, неговиот вујко.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го сакаше она, што се случуваше со нивното печалбарско село, луѓето тука беа запрегнати да си го бараат заедно својот живот и успеваа во тоа, мислеше дека сите околу него го чувствуваат тоа такво, а сега занеше дека грешел, што не гледал малку подобро околу себе уште во самиот почеток.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Примиле мали заработувачки а некако им здодела печалбарскиот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
За своите книги, тој ги има добиено наградите 11 Октомври, Рациново признание, Печалбарска повелба, Ванчо Николески и наградата Роман на годината за романот “Бунар“, номиниран и за меѓународната награда Балканика во 2002.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Море тој ми испил три илјади гроша Кога дојдов у Канада и прв пут решив да купам алкохол за да го утепам првичниот печалбарски шок, некој ми кажа: „Кај што се продава пиво – нема вино, а кај шо се продава виски - има пиво”.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Потоа гастербајтер во Германија, кој што неколку дена откако ќе дојде до својата печалбарска дестинација се решава да се врати дома.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Очекува дека во оволкава метропола ќе си ги пронајде неговите места каде што успешно би се сокрил од притисоците што ги носи печалбарскиот живот. Ама, не е баш така.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Некои пет, други десет и повеќе години печалбареле во Грција и оттука нивното знаење на грчкиот, би рекол печалбарски јазик, но доволен да се разбереш.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Обработувајќи ја темата за печалбарскиот тежок живот во Америка, тој едновремено врши споредба со животот и вредностите на човекот во Македонија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакавме да го слушаме кога раскажуваше за своите печалбарски денови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)