пешак (м.)
На деветтиот ден од разговорот се движеше по штавичкиот пат колона од петнаесет коњаници и сто и педесет пешаци вооружени со пушки, пиштоли, јатагани и долги маздраци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој се наоѓа до главната железничка станица и е еден вид нејзино продолжување, а по него се движат и електрични возови, има патеки за пешаци и за автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Над реката Вах во Пјештани има два моста, едниот е за сообраќај а другиот за пешаци, оној што води кон вратите на Купелниот Остров, во Пјештанските бањи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Толку е живо во овие часови па многу е отежнато разминувањето со безбројните пешаци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пешаци и луѓе на велосипеди од сите страни и одвреме навреме минува мерцедес со спуштени завеси, пролетува стреловито низ плоштадот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јававме по една присоина обрасната со папрат. Патеката беше тесна, толку тесна што на неа не можеа да се разминат ни двајца пешаци, а камоли коњи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
По мостот минеа пешаци и коњаници; доаѓаа нови кулукчари од кои, некои, сигурно синот на Тајко имаше сретнато и попат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш противничкиот лауфер останува на средината на таблата без да биде штитен од својот пешак.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Овде е друго. Пешаците ништо не ги интересира и проаѓаат на пешачки без уопште да се завртат.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Тука, кабает се возачите. Отвараат очи петбанки зашто ако случајно пипнат некој пешак – им сиба мајката.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Така купуваа станови и џипови па фрустрацијата од нудењето сексуални услуги на старите пастуви мораше некаде да ја истурат, а тоа најчесто беше преку незастанување на пешаците низ скотските улици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но, секоја битка со жените ќе им биде изгубена, зошто жените се вредни пешаци, господари и воини.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)