пешник м.

пешник (м.)

Остатокот од пешникот ѝ го подаде на Мара и потоа тројцата засркаа од гравот, држејќи ги во едната рака коматот леб, во другата лажицата. Братучедите лакомо јадеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Одам и само кај пешникот ми бегаат очите, кај франѕолата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На таванот, по ѕидовите, на подот, олкави пешници. Изнесени да се зорат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека тој, само по еднаш дозволувајќи му на секој селанец да ѕирне во мракот на неговиот свет, со скриено задоволство ја слушал и ја повторувал едноличната песна на камењата, луѓето чекале под стеблак на стар орев и го заборавале тврдиот пешник во тагарџикот од пресува козја кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Извадив парче скаменет пешник со сламки од торбата на прогонетиот (бев гладен, можев и песок да џвакам) но Никифор Ганевски ми подаде парче црн леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Мисли го ова парче така, небаре цел пешник држиш в рака. Можеш? Не можеш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Барем така, преку рид, преку трап, со пешник леб во едната и парче сирење во другата рака, да се пцуеме, да се караме, а не да пукаме и да се убиваме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цела армија да нахраниш... – се пофали Кузе, покажувајќи со раце колку големи се пешниците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)