пингвин (м.)
Обично се декорирани со симболи како што се Бетмен, петел, атом, јаготка или пингвин каков што го наоѓаме на книгите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тоа значи дека е тешко да се очекува да налетате на пингвини додека шибате со својот лендровер по саваните на Кенија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Малку подоцна Сани стои сред парче сонце покрај една поставка која се состои од застаклен синкав базен во кој би требало да има пингвин или фока, но сега е празен. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 167
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ти си нашиот пингвин
нашата фока, јагуар и јагне.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Еден студен зимски ден, Џ дозна од маалската алапача Мара дека неговите гладни соседи ја исклучиле струјата во зградата за да се нагостат со пингвините.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Снема струја во топол летен ден и умреа од жештина пингвините што Џ ги чуваше во големиот фрижидер.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се јави во продавница за домашни миленичиња и нарача нови десет пингвини кои сакаше да ги нагости со зготвеното месо од соседите.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Ќе испоцркаме на сцената на која и пингвини од ладно би паднале во несвест.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)