питач (м.)

Е, што да правиш, ние беќарите сме како питачи: секаде ќе тропнеме, а каде што ќе ни отворат таму ќе влеземе. (Секој збор на Анѓелета предизвикува смеење кај жетварките.)
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Молчи, питачу, го прекина Баждара мајка му на Димка. - Што си се развикал?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше гладен, чуваше во себе едно тивко сожалување кон оние неуморни питачи, што и молитвеа на ноќта, клекнати поколеници и загледани во ѕвездите, но сеедно со чувството колку бесмислено може да биде тоа нивно празно завивање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И тој се изненади: - Јас мислев питачи идат, а тоа наши луѓе дошле, - рече тетин Доне врзан со пороже околу појасот преку ќурдијата, и со истата онаа донесена паларија што ја имал од времето, со мустаци чии влакна секогаш стоеја наежено.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ај сиктер оттука да не ти излеза да ти и скрша коските со тој бастунот шо си го кренал како питач?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тивката вечер бавно и смирено одекнуваше шумот на неговите стапалки, стапалките на парискиот питач.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ градот не можеш да поминеш од питачи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ноќта, таа топла тивкозборка, Таа галежна добротворка Колепка на питачите и талкачите...
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Надежта, што се вели, и питачот го прави богат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не ги пушташе ни луѓето што вртеа околу манастирот дојдени да се молат на гробот од свети Наум за спас, ниту питачите што бараа леб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Не сум питач, со закана стушено се исклештил Онисифор Мечкојад; забите не му се гледале од густата четина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Премреже, несреќичка: вчера се котел и плачел над Калпаковиот гроб, денес станал питач по женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камениот мост е населен со питачи, продавачи на семки, гаталци, голтачи на оган.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Богатството на самовилата Еден момент бевме милионери во најтешката валута на светот, во другиот бевме питачи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Лествичникот во нова руба, ние во партали, како питачи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе