пледоаје ср.

пледоаје (ср.)

Познати се сите причини кои Duchamp ги наведуваше во разни прилики како оправдување на фактот дека Невестата „дефинитивно не е довршена”, како и пледоајето pro domo, какви често држеше, за нужноста да се биде мрзелив и безгрижен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се очекуваше Татко да го изнесе своето пледоаје за судството на Балканот, во текот на владеењето на последните империи, сѐ до оваа социјалистичка судница чиј дел требаше да стане и самиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, да се разбереме, вашето вчерашно пледоаје, за некој друг суд, во оваа иста земја, како и секаде каде што се протегаат новите христијански граници на комунизмот, би можело да биде протолкувано и како обид за исламско-отомански заговор, како носталгија по отоманското царство, скриен обид за негово реставрирање.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше очигледно дека Камилски имаше подготвено вистинско пледоаје за меѓузависноста на лингвистиката и гастрономијата, како вовед во дебатата за османскотурските заемки во балканските јазици и јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Завршуваше и пледоајето за овој симбол на османското единство и владеење во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)