побутне (св.)
По едно време Мече усети дека светлокосиот го побутна со лакт и го викна тихо, по име: - Мече!
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И како ние да се согласивме: го побутна Паља и се намести до него и до Кузмана.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Коле сега го потбутнува и со мевот. Бузо молчи и скиселено отстапува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со дикат го побутна Србина. Овој ја крена главата.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)