повереник м.

повереник (м.)

И таа како и улицата беше задушена во мов, се крстеше секое утро пред своите дуќански врати, со животински страв од данок, меници, повереници и полициски писари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повереникот им ги чистеше дреите од тревите и од балегите и ги нудеше со сливи џанки. Друго и немаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- На работа се сите, кој жнее, кој вее, се обиде да оправда нечие задоцнување Повереникот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште прашината нестаена, дотрча селскиот Повереник, исплашен, пожолтен и со страв праша: - Какво добро, другари, каква чест, другари мили!
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности наводно собрал 15 000 потписи на петиција со која се повикуваат „гувернерот Енглер, законодавецот и Одборот на повереници на УМ да сторат сѐ што е во нивна моќ да ги спречат вработените во УМ да ги користат парите на даночните обврзници за врбување студенти тинејџери во предмет чија изнесена намера е да „експериментира“ со „иницијацијата“ на студенти во високоризичен животен стил на хомосексуално однесување кое е неморално, незаконско и кое претставува сериозна закана за личното и за јавното здравје“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гери Глен му ја доставил петицијата на Одборот на повереници на Универзитетот на Мичиген на 19 октомври, 2000 година.31
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во средата, на 22 март 2000 година, АФА Мичиген објави долго соопштение за медиумите во кое наведе дека Гери Глен испратил по електронска пошта писмена изјава со која бара укинување на предметот, и тоа до гувернерот на Мичиген, до членовите на комисиите за распределба на средства при Законодавниот дом и сенат на Мичиген и до претседателот на Универзитетот на Мичиген, како и до избраниците во неговиот Одбор на повереници.23
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)