погази (св.)
Испушти само толку: — Ами, шо го бодело попот шо си го погазил дадениот збор и го остави сиромашчето страмотно до векот?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– Кадијата од Прилеп во Македонија Арслан-беј моли за милост и совет како да постапел со извесни разбојници што се појавиле во неговата нахија, подигнале бунт и ги погазиле твоите свети закони – и го отвори самото писмо.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Султанот пламна на овие зборови: – Кој ги погазил моите закони?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И покрај нашите постојани предупредувања да не им помагате на комунистичките бандити, да се откажете од секакви злосторства против нашата војска, да не ги криете оние што ни пакосат, да не бегате и да не им се придружувате на голтарите в шума - вие сето тоа дрско го отфрливте и го погазивте...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Де ако смее некој од полчивци нека а погази ваа моа пресуда!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Не го знаете нивното лицемерие, вели дедо, сѐ што ќе ви ветат пак ќе погазат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Па, кога знаеш, не чекај да те погази времето.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тоа е лична заповед на генерал Деникин и јас ни мртов не сум спремен да ја погазам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
-Имало поприлично такви случаи, кога поединци ќе ги погазеле наредбите... затечени од непредвидливите околности, иако не можам да поверувам дека такво нешто му се има случено и на Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Му го спомнав само оној дел од разговорот со Ристе што се однесуваше на Маџунката од Криви Дол; за мајсториите на Маџунката во правењето на ковчези; а патем ја спомнав и последната желба на мртвиот, како и иштавот на покојникот што не смее да се погази.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)