погали св.

погали (св.)

Стојо се навали покрај оган и го зеде најмалиот Илка, се погалија со него, ги помилува и другите деца и ѝ викна на Митра: — Ајде, мори, готов ли е граот да вечераме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За сите одговори Ајша: – Го чекаат добриот кадија да ги погали. – Само да ги погали? – божем ја праша кадијата Ајша и почна со ред лево и десно да ги гали младите жени по бујните коси.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа го погали, го подигна речиси набожно и се загледа во рубите што лежеа во него, што ги носеше со Крстана пред дваесет и две години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа од високо надѕирнува низ прозорците, ќе погали некое детенце, ќе му ги заклопи очите на некое што уште не заспало и ќе одмине потаму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Баба му го погали по лицето и му рече: - Убав сон си сонувало, внуче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој дојде во селото, ме повика во дворот, ме погали и ми рече: „Сега веќе, синко, си голем.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го погалуваше неколку пати по она негово главче, а тоа прво стоеше под неговите прсти, а после почнуваше да скокара по собичката, секогаш наново приближувајќиму се и отскокнувајќи со оние свои предолги и претенки ножиња.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Башмајсторот сега пред сите го погали по косата, а потоа веќе се израстурија и позаспаа под своите забани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Учителот благо, татковски, како никогаш досега, го погали по главата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Најпосле со својата сува, груба рака ја погали Билјана по косичката и ѝ рече: - Кога би имал внучка како тебе, многу убаво би ми било...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А ако се случеше да фати риба, ќе ја откачеше од јадицата, ќе ја погалеше по блескавите мазни крлушки и ќе ја пуштеше зборувајќи ѝ: - Пливај си слободно, рипке!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Бојан ја погали по влажната муцка. - Не плаши се, Кротка! Тука си најсигурна, - кротко ѝ шепна.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кротка, убава моја, не плаши се! - ја погали Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По десетина минути жестоко мавање ја спушти секирата, седна врз дабовиот трупец, од кој одвај успеа да откорне две, три поголеми иверки, па тешко дишејќи, ја погали рапавата кора на Јурукот, шепотејќи: - Прости ми, Јурук, морав со некого да се мавам!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш арамбашата Чанак го погали неколку пати по бушавата коса и му рече јасно и гласно: — Ајде, Толе, расти побргу, да пораснеш и да дојдеш со мене арамија, да го проплескаме заедно Адема ваш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно робинче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Вие дојдовте кај нас со тетка Рајна? - реков. - Да, да ... рече таа и ме погали по косата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Догодина Ели ќе ја запишеме во забавиште, - рече Вера откако завршивме со ручекот, па ја погали по косата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога Ели ќе заспиеше мама раскажувањето го прекинуваше, често и на половина збор, ја припокриваше, и неа и мене, нежно допирајќи ги покривачите, или ќе нѐ погалеше по косата. Од собата излегуваше на прсти и ја оставаше сосема малку подоотворена вратата, Ели да не се разбуди во сонот... ***
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На станување ги погали децата: и Капинка и Здравка и Ѕвездана ги погали, им прошета со прстите по косата и тргна, - Е, да си жив и здрав, му велам, малку ме успокои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе