поган (прид.)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
- Бреее! – се чудеше дедо Ангеле. – Е погана душа бил...
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се плашеше да одбие, но и да се нафати со таа погана работа не сакаше.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу можеше да ја сети дури и нивната погана, отровна миризба на една дива глад и излинеаност, на некоја чудна жилавост и изгубеност во таа бела пустош.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Иш, поганијо погана... Зафрли една нова гламна. Таа му падна на самиот грбник на волкот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така едноног, сакат, седи во бозјакот крај прашливото џаде, испоганет од погани усти, но не испостен.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој поп, се зборуваше во полјанските села, бил многу поган со тие што не сакале да се посрбат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лапавицата ко паспал ни се лепи на алиштата. Море погано време!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Свиња си, домуз. Твојот труп утре ќе го крка поган крмнак. Слушаш? Твојот труп, ѓаур.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бездруго, и самиот пелтечав и под контузија, тоа ѝ го рекол - гневен е, не сака да дојде пред лицето на севишниот со погана навреда на совеста.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дедо попот, господи прости ми, имаше погана уста, како што се вели.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тој прво сакаше да ја намачка со сало, ама долу во Небиње, каде што беше кулата на бегот, имаше еден поган заптија по име Тефик.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Ти ли си тој што ја напиша таа погана книга за умрените на Балканот!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дедо му откопачувајќи ја, му рече: „Ти реков: не закучувај во градинава вакви погани билки... Привлекуваат со своите цветчиња за да те намамат...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Вангел, сфаќајќи што исплука од својата погана уста, побрза да се оддалечи од кај него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Совладувајќи го чувството на непријатност, авторот, кој знае зошто, се присети на поганото старче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се прашувам дали ова човече е толку погано или толку очајно?
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Овој пат, откако седнав на столот спроти Грофот, додека гледав во неговите раце, реков: - Тоа биле погани нешта .
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)