погоден прид.

погоден (прид.)

Целото лето и есента што шета Силјан со дуовникот и на ден Митровден си дошле во Прилеп и извадил дуовникот пари да му плати на Силјана ругата, колку што беше погоден.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А мнозина што се погодени лесно, испотени, жедни, и жедни да платат, со пеење одат, со пцуење бесно, на Вињари нова пусија да фатат.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Тоа беше резултат на еден компромис помеѓу првите и вторите, компромис погоден и за едните и за другите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А штом ќе помине времето што си погоден со компанијата, се разбира ако не ти е арно таму, ќе му пишеш да те земе кај него. Разбираш?...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Питу Гули не чу со каков страшен татнеж падна и се разби камбаната од црквата св. Никола, погодена од турските топови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Учителот бара погодно место па да му се доближи на овој скржав во зборувањето човек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа, оти го погоди, и тоа, што беше сигурен дека оној беше погоден, сега беше сосема сеедно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Онаа голема, распафтана мечка, отскокна од неговиот истрел, се подигна на задните нозе и остана така, исправена суза, погодена и згрчена, во едно морничаво превивање, во кое што болката бликаше многу посилно од секаков вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сето тоа истрелот се изгуби просто како да не постоеше. Го удри, тоа го сети уште веднаш, уште по тупиот одзвук, уште пред да ја види крвта, како се развеа во една црвена перјаница како облак по белината околу она погодено, збеснето - самјачиште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе излетаме од радост што попладнево ќе ни мине во нив. А красни се и погодни за сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се сети на секирата, која во ваква прилика би била попогодно оружје, но не ја најде на вообичаеното место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почна да се забавува со барање погодно камче што би го ставил во кутивчето што го немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Двајцата се загледаа пред себе да видат погодно камче, но немаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Оваа пукна и Расим падна наместо погоден баш во средината на голиот градник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во следните денови чувствував како да сака Вера нешто да ми каже, но, како да не наоѓа за тоа погоден момент.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Драмските дела, расказите и песните се извонредно погодни да станеме непронајдиви.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не сме се ни вдомиле во себе, а веќе погодни се разбиваме во делчиња, во мали одблесоци под ноќното сонце.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Крсте Мангов беше погоден в чело.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште не знам дали сум удрена од некој куршум, дали сум погодена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали сум погодена, што се вели, да умрам...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе