погубен (прид.)
Но нашите раководители замижаа пред вистината и востанието се зафати; се зафати славно за да се заврши плачевно и погубно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Меѓу комитетите тогаш ќе се зафатеше погубна меѓусебна борба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Прегрнуваат две убави деца. Заколнуваат. Не пуштаат. Молат... Погубно...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Први ја открија татковците на погубените Турци, кога, наредниот ден, заедно со христијаните од Потковицата, заминаа во потрага по синовите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како и секогаш што се случува во такви прилики, зборот тргна пребрзо, се затркала како по надолнина налепи на себе патем отпадоци и мириси и секакви погубности, се измени, отежна огрубен, темен, грдомазен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Крвта на преварените сливи, или плодови на крушите горници, или никаквото грозје на овој крај, таа и слатка и погубна тајна на бладања и обиди да се надрасне човековата безначајност, ги ослободувала од внатрешни окови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа беше смирен, колку и да беше погубен за сите нас гласот од радиото: – Планот за уништување на козите е разработен и до најмалите подробности, на високо републичко и највисоко федерално ниво.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Исто како што хирургот, при операција на срцето, не може да го занемари телото што го опкружува срцето, така и за преведувачот е погубно да го обработува текстот во изолација од културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Истиот оној Ренан кој го побиваше погубниот поим на втемелувачкиот договор сега нацијата ја претвора во предмет на премолчен договор што секојдневно се создава меѓу оние што ја прават: „Нацијата е, значи, израз на цврста солидарност која е создадена од свеста за поднесените жртви и спремноста тие и понатаму да се поднесуваат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Подеднакво е погубна и наркоманската деморализираност која ги спречува најсиромашните слоеви во Америка да се придвижат и да се потрудат да ги подобрат условите во кои живеат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неговите фрагилни монтажи од зрнца сол и silver glass како да се валкаат по бетонската падина на Guggenheim, како да ја препознаваат оваа филозофски погубна положба. Richter, исто така, е жртва на погрешно толкување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Има тука некоја наивност, и незграпност која, на крајот, преминува во една погубна антрополошка формула: „недолжно страдање“. И што имаме со тоа страдање?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Проникнат во универзалната генеза на јаничарството и неговите погубни механизми за идентитетот на човекот, Татко стравуваше семоќниот Сталин да не стаса со Црвената армија до нас и книгите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога излегол, со записот в рака, се насмевнал и рекол: „Ете. Ништо погубно не се случи, оти јас само препишав слово отровно, а не го толмачев, и затоа отровот не влезе во мене и не ме погуби.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го нишаше предавството во корен, и клеветата, заговорот, та секој еден што ќе се обидеше да посегне по него беше погубен!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Мислев твоите дождови ме измиваат но овде и тие погубни булки родилки, како мајка сина си ми го отфрлаат телото.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Бојаџијата го заварил погубениот студент, налактен на карпата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Исто така, институциите не покажуваат никаков интерес и за погубните политики на новите газди во однос на снабдувањето со земјоделски суровини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)