поднаведне (св.)
Една се поднаведна над човекот. Наслушнуваше, потоа важно соопшти: - Треба да собираме пари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Примашот се усмева. Се поднаведнува услужно, љубезно спрема келнерот, знае зошто е дојден: носи порачка. - Трубачот го викаат...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Келнерот застана, се поднаведна: дали чу добро. Иако свикнат на севозможни своеволности на гостите, сепак не можеше да сфати: „трубачот молам“...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Поднаведни си ја главата кога минуваш низ ниска врата. Треба да си ја зачуваш главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Некои дури несвесно ги поднаведнуваат главите, ги закриваат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Борис Калпак не отстапи, само се поднаведна во некое кобно исчекување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Чекајќи уште некое време, мртовецот, малку поднаведнувајќи го телото, тргна во куќата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Еднаш-двапати се поднаведнав, се позагледав повнимателно долу, зедов земја меѓу прстите, ја прожулавив за да можам да ја осетам и да направам проценка и да ја одредам натамошната стратегија. Сува и плазикава.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Тој си гони свои ветришта, велат“, рече Коте, поднаведнувајќи ја главата надолу.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Со мачорски чекори, малку поднаведнат, се приближи до Романката.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Само две-три педи поднаведни се ме советуваше тој и твојот прогонувач ќе профучи покрај тебе како заслепен бик.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Многу недели подоцна , кога ме сместија во Установата за душевно неурамнотежените, и кога му раскажав на човекот од бараката број три за прогонот на Непознатиот на Слатински ливади тој постојано ме подучуваше дека требало да се поднаведнам во моментот кога ме престигнувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се облекува, повремено се поднаведнува, ја крева едната рака, па другата, мрмори, како обично, дека пак му се затурил некој дел од облеката.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)