подоцна (прил.)
Подоцна - судбина била! -на истата земја, во црвени порои темни крв да се пролее — сила.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
67. Д-р Стојан Данев (1858-1949) е истакнат бугарски државник и универзитетски професор, русофил, кој во периодот од 21.12.1901 до 5.5.1903 год. (како и подоцна) беше министер-претседател на Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
116. Хрватот Ватрослав Јагиќ (1838-1923) му беше исто така професор во Русија, на кого и подоцна му испраќа свои сепарати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
53. Овој термин за старословенскиот јазик го наоѓаме и подоцна во речникот на Мисирков ["Македонски голос, (Македонски глас)", II, 10, Петроград, 13.8 1914, 14].
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во почетокот на XX век тие наполно завладеаја во најразвиените земји и макар што првите чекори на патот на картелизирањето ги направија порано земјите со високи заштитни царини (Германија, Америка), Англија со својот систем на слободната трговија дури малку подоцна го покажа истиот тој основен факт: раѓањето на монополите и концентрацијата на производството.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Речиси четврт век подоцна, во писмото од 11 август 1881, тој зборува за
„најлошите англиски тредјуниони, кои допуштаат да ги раководат луѓе што ги купила буржоазијата или кои тие барем ги плаќа“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Работата е во тоа што источната линија на таа железница мораше да минува низ земја која, банката подоцна, како изградбата на железницата веќе беше осигурена, ја продаде со огромна добивка за себе и за неколкуте учесници“…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Знаеш, чорбаџике, тогаш како ни заповеда: „Тури на ум, глупава Анастасијо, ако ме разбудиш уште еднаш порано или подоцна отколку што сум рекол, бегај од мојава куќа и повеќе да не се вратиш!“
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Се фатила баба на оро, ќе игра. (Несигурно игра и подоцна Петрија му дава да го води, орото.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Туку немај гајле, ќе викнам некоја жена од комшииве и подоцна ќе појдам.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Стани си утре порано дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси - ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Подоцна кршење на портата и влегување на Арнаутите во дворот на чело со Илија.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Оваа вечер, подоцна, ќе ти тропнам со камче на пенџерето, или ќе ти свирнам, да знаеш оти сум јас да слезеш. Со мил поздрав твој Илија“...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
ИЛИЈА: По некоја дакика така носи пет пари скршени да свршуваат поголема работа отколку една бела меџидија подоцна.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Во неделата се одвикнував од училишните часови, еден ден подоцна, требаше да почне она истото - сè до саботата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но таа граница ја узнав многу подоцна...
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сериозноста на неговата закана ја узнав подоцна.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тие сиромаси мислеа дека Крсте спие со нив за порано да почнат — подоцна да завршат; а тој секогаш викаше порано да ја напуштат работата, да вечераат дури се види, а подоцна да почнат наутро откако ќе се напоручаат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка" (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кременот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде ѝ е „виделото".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само пусти кркми и цулувци нема, ами завратени косите и начешлана со јажиња по грбот, а челото „златна сестричко, како теле кога а лизнало", — велеа подоцна витолишките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)