позив (м.)
Бре, бре на Диздара, Петрета, Арсовци, Долзите им однесол Фаик од срезот позив. И тоа кај Јачмениќ ги викаат. А зошто?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Извинете, јас го сакам селото и мојот позив, но не можам да работам под овие услови и затоа си одам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Можеби тие студено го примаат ударот, одмавнуваат со рака, се им е едно, но
ТОЈ не може да се помири, тој страда, зашто шахот не беше за него работа меѓу другите, преоден занес на младоста, ами позив на којшто свесно се управија сите негови не мали амбиции.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А пак на Пискулиев агрономијата му стана животен позив.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Подоцна дојде до крвави партии, со процеси и жртви Во тие денови, во знак на верност кон мојата иницијална професија француската книжевност, токму во воениот логор на Бањица со себе носев и ја читав книгата на францускиот поет на романтизмот Алфред Де Вињи Служењето и величината на воениот позив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)