поигра св.

поигра (св.)

- Дете, госпоѓице, нека си поигра. Нека го позадева пијаниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така, таков оро ми се бендисува. Да сум помлад, жими вера, и јас би слегол да поиграм, Ама, ах!...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зелениот арапски ат немирно подигруваше под него и често ги тргаше рамењата од уздата, барајќи слобода да поигра под својот господар по рамното поле, но овој не му дозволуваше, и тој правеше цик-цакови по ливадите да ја смири својата бујна крв.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ИВАН: (Во првите мигови тој им се предава на тие бакнежи, дури се обидува и да се поигра со нив, но набрзо станува свесен дека со Неда нешто нечекано се случува и затоа ја зема нејзината глава во своите раце, се обидува да ѝ погледне во очите.) Ти плачеш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се доближи полека, прикрадувајќи се, на она место, го подигна предното ноженце божем да пречекори уште еднаш, но ноженцето сега сосема само се врати назад и срнчето отскокна пак, сврте неколку пати поигрувајќи по собичката, секогаш повторно доаѓајќи од она место и секогаш сѐ побезумно отскокнувајќи назад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше една празнина под лажичката, што мораше да му поигра, кога се приближуваше вака, па ако сакаше да биде и илјада години ловец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Бабо, - вика одеднаш тој – дај ми го Сламеното Мече да си поиграм.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе ти го вратам. Ќе си поиграм со него малку на улица и пак ќе ти го вратам.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Да поиграме! - предложи една мравка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ех, колку, колку убаво би му било на Бојан да си поигра со срната, да ѝ шепоти, да ја гали, да го освојува нејзиното пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со моите другарки си поигрував по враќањето од часовите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зајачињата и лисичињата поиграа уште малку и тогаш поголемото зајаче рече: - И ние се уморивме, да си легнеме.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Однеси ме кај кучето, ми вели, жити мене однеси ме, вели, сакам да го видам, да си поиграм.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сјајот на недалечниот оган поигрувал на нивните лица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе