полутка (ж.)
МАЛИОТ: Јадевме коњски црева и мачји полутки.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Синдикат: Самоуправен социјалистички орган задолжен за новогодишни пакетчиња, тегли со краставички и свински полутки (овие последниве понекогаш ги даваа цели, абе златен комунизам)
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Се привикнав да постојам
ексклузивно, на Погибел
дури времето се мереше ноќе
како жена
дури со змијата ме споредуваа
со фалусот и ламјата
ја усовршив техниката
на помрачувањето, прељубата
немам причина да се натпреварувам
со луѓето, не ги обожавам идеите и предметите
како нив, но и мене ме застрашува
Диве, Ероте, песјата страна
на жедбата, ненаситоста, иштафот
и мене бесови ме беспокојат, лунки
Шејтане, постојано сакам нешто младо
- Новина, Полутка, Полнеж
устата ми запени од подигање удини
јазикот од каскање, чинки чинење
од вдахновение и празноверие
и мене ме плаши изгревот на зајдисонце
коцкањето со светлоста
за само три дена лажовен
три дена налуничав
три дена трикрак, троглав жив-отец
и мене ме тревожи што долго
веќе многу долго преврат нема
вртолун, бела ноќ
на мојов месечински, на твојот животински појас
вртелешко вселенска, машка анатемо
Сонце мое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се гледа јасно како едното
се распарува, чуден распар
и полутката е далечен сон пред него
па табу
па таен копнеж
па опседнатост
па нова причина за преселби
пуста желба, утопија
се топи во свеста
како грутка шербет
слатка смрт !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
3. Нерамна игра
Триаголниците поаѓаат од ист центар
квадратот го ништат, правиот злокобен агол
еве ја шестката – превртливиот
и бескрајно лажлив круг со кука
со јаречки рог на врвот
наполу слепи, наполу видовити
прстите кратат
очите врзуваат
но, ја преминат ли/
кревката мрежичка на видливото
заборават ли на Играта, Домине
ќе гргнат невидливите нумери
сефироти, корени и децимали
деливи и неделиви
ќе го скршат јајцето под конец
бележитото ќе го издвојат
и неверното
фикцијата од тристашеесетишест степени
ќе ја расцепат на две-три-четири
ќе добијат полутки
опозиции, ѕвезда до ѕвезда
квадрат во квадрат – круг
магија, вавилонска перла
ниска по ниска
алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Наместо ова на работниците, на рака, им се даваа „ситни пари“ во кеш, а остатокот од личниот доход им се исплаќаше во натура – преку давање свински полутки, јагниња, пилиња, копани, табли јајца, еурокрем или, пак, канти сирење!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)