помирувачки (прил.)
- Не сте, не сте, се шегував, - помирувачки рече дедо Ангеле, а децата, задоволни, му ја ставија гредата да помине.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Дедо ми Крстан на тоа со тон, како да има чуство на вина, помирувачки рече: - Не се противам јас. Знае Петре што зборува.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- Зошто ти е бре тебе овен? - го праша дедо ми Стефан, очигледно помирувачки.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- А јас велам дека така не чини... - помирувачки пак рече дедо.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)