помфрит (м.)
Две позамашни ванглички помфрит со фета чиз (читај урда), 60 криспи крцкави крилца и 20 малце поголеми крилца (читај крилја) претходно ваљани у некој лигав сос.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ех, бе, Кико, ич не ме прашувај и мене како се бега од историјата и како се прави помфри од норвешка сорта компири во рестораните на „Мек Доналдс“ среде Москва додека изгладнетата филхармонија на врапците се подготвува да ти го отсвири Вториот концерт на Рахмањинов.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Од вратата го заплисна мирисот на помфрит, арома која што дополнително му го креваше ентузијазмот за јадење.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Јади колку сакаш Алек, има три ќофтиња, ако треба ќе испржиме уште помфрит, само кажи!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)