понижувачки (прид.)
Беше наредено општо и до кожа стрижење. Тоа беше најпонижувачко стрижење што може да се замисли.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тажно беше ова силно, убаво човечиште да се гледа во таква понижувачка состојба, - веднаш се покајав што дојдов толку рано.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Човек што поминал еден таков мачен, понижувачки пат мора да ја знае вистинската цена на тоа бедно малечко мускулче.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во тој миг, во мигот на завојување на Потковицата од страна на Турците, тоа го спаси Имотот од уништување: богатството, уредноста, пресметаната понизност на двајцата мажи што го пречекаа садриазамот, а потоа и онаа, понижувачка но среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зашто, како што увидов миг подоцна, колку и да е понижувачка позицијата на тој што го спушти своето чисто колено во калта, работата само навидум е на штета на понизниот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Поради тоа, криминалот порасна, бидејќи уживателите се обидуваат да го избегнат она што се нарекува понижувачки пропис.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Меѓутоа, Англичаните отсекогаш биле сметани за наративни сликари, што во европски контекст беше сфаќано како лошо и понижувачко. Тоа јас го оспорувам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И колку е тоа понижувачко, што Аљоша сето тоа одлично го знае, а се преправа дека сѐ е во ред, дека сѐ е прекрасно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Делото полека се развива со своите повторувачки теми, слики и текстови, околу она што во Книга на мојата мајка тој сурово го нарекува „овој понижувачки живот”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Женската” состојба на народот за нив е понижувачка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа беше бескрајно понижувачко, а по извесно време стана страшно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како би ја сфатил нејзината понижувачка состојба? Ужасна изолација!
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Му изгледаше понижувачки неговото прво дете да се роди во хотелска соба.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Чувствуваше потреба да им се освети за понижувачкиот однос кон неа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во мојот пасош, виза до виза (секоја макотрпно добиена по понижувачко чекање во редица пред амбасадите).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Служењето војска за регрутот, особено ако е со здрав разум, каков што беше Едо Бранов, е мачна и понижувачка работа, принуден за целосно потчинување на нешто во што не гледаш никаква смисла.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас, воопшто, болката ја ценам за најнеморален белег низ еволуцијата на човекот; за најпонижувачки симбол на човековата автентичност: Бев опседнат од овие страдања и сам во ретки мигови јас се префрлав на теми и поинакви од оние кои ме измачуваа.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)