попов (прид.)

РИСТАЌИ: Има една поговорка; „Него в село не го оставаат да влезе, а тој се смушнал кај попот дома и ја бара поповата ќерка“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ИЛИЈА: Ама на попов му е зборот за во пости, дека сложни калуѓери и сабота и недела мрсат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На добро место ќе појде, попова онаа ќе стане, на младо ѓаче невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка и ова го забележа и си рече дека можеби се има загледано во некое ергенче кое ќе го замени поповиот Крсте.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вечерта мајка и ја праша како помина денеска, a брат и не заборави да и каже дека оној попов шебек често гледа во неа и дека тие со Јошка сакале да го натепаат на одморот ама таа, Неда ги искарала да не се караат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
– Mope, ако е за вода, ефенди, седнете, седнете, ене ја Попова Чешма, ладна е како мраз; ќе ви донесам една стомна, напијте се – одговори старецот и погледна со очите кон ниското куќаре, небаре бара стомна, да ги ислужи ефендиите, но војникот што зборуваше по каурски не дочека забитот да проговори, ниту му го преведе на турски одговорот и предлогот од старецот, ами сам му одговори: – Ефендијата сака вода од Бренското Чешмиче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Всушност, ја поткреваа некои попови прасиња и кртици, некои притаени семиња и повратени треви.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сме се раѓале за паликуќи. А и попов можеби не запалил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попов е против премачкувањето на фреските. Ќе одам кај Кајмакамот. Ќе му објаснам.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Му го носат колачот.) Ај што е попово нека е готово.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Туку шуќур си велам денеска што е недела Па поповите имаат венчавки и крштевки И немаат време за визитации на коали и други сонувачи На сон поп ако ти дојде ќе ти напраи триста лошотии На сон владика или поп и за ѓаволи се веруваат А богами не се чуло дека и на јаве ги есапат за ангели Така барем велат дојденците од Македонија кои своите попови Повеќе се среќаваат по судови одошто по црквите За да расчистат како може тоа што народот го изградил Да не биде народно ами попово И како може некој да биде овчар ако нема стадо И многу имотно-правни а не духовни работи Расчистуваат македонските попови по австралиските судови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Попова Радица! - се слушна гласот на главната сестра која во раце веќе ги имаше наодите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)