поприште (ср.)
Македонија и понатаму остана во составот на Турската империја и стана поприште на крвави буни и востанија и на уште поотворена и поожешточена борба помеѓу странските пропаганди - од една страна и од друга на уште погруби самоволија на императорските власти и беговите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше силна духовна моќ полиграфот Фаик Коница, со силниот заграб на неговиот интелект, да го изведе својот народ од маѓепсаниот источен патријархално-трибалистички круг и да го внесе, макар задоцнето, во поприштето на европските идеи, оддалечувајќи го од феудалниот отомански ментален хоризонт.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мало беше на прв поглед тоа поприште, штуро за непосветените, - шеесет и четири црно-бели полиња на една плоча што можеш да ја носиш под мишка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Едно друго поприште му се гледаше тогаш попримамливо во неговиот живот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)