поробувач (м.)
Оваа ноќ! Започнува крвавата пресметка меѓу робот и поробувачот!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Сакал братов да го земе малиот, да го води со себе и да го направи борец против поробувачите, но не успеал.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Мозаиците, мермерните столбови и колонади станале жртва на варварските постапки на поробувачите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Никогаш не ни се падна некој подобар поробувач.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Точно, му служев на поробувачот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Всушност, ако се проследат внимателно сите околности, јас го ставив во служба на поробувачите моето име, но не и совеста.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
А мене токму тоа ми се случи! Дојдоа туѓинци, ги заменија дотогашните поробувачи, себеси се прогласија за ослободители, а јас, најпосле уморен од потрага по слободата ја прифатив нивната лага како своја вистина.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)