посвети св.

посвети (св.)

Затоа словенските букви се посвети и подостојни за почит, зошто свет маж ги створил, а грчките, пак, букви многубошци.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Како што гледате, господине министер-претседателе, – продолжува Спространов – ваквите идеи што веќе нашироко се прифаќаат од македонското население, не се ни малку за потценување за да не им се посвети високо внимание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но за да биде таа служба благодатна, нам ќе ни треба да создадеме народни служители, народна интелигенција што ќе му ги посвети сите свои сили на народното благо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
АРСО: Е, ова е: сакам да се посветам, ама ѓаволот не ме остава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ќе ти донесе пари, ќе ти се посвети куќата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Лево од жолтата гимназија, закитена со црно знаме, набожната власт градеше дом посветен на царската брачна двојка - Константин и Елена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Отец Арсенија виде дека Стале ќе биде одличен подвижник ако го кандиса да го заборави овој свет и да се посвети на господа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се разбира дека младите беа на војна во редовите на силниот султан Сулејман Величествен – Законодавец, кој целиот свој живот го посвети на освојување земји на сите три континенти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Подоцна почнал да пишува и минијатури и новелети, а последните години од својот живот им ги посветил речиси исклучително на драмите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А сето тоа време во него остануваше мислата за еден таков, чуден живот, аскетски посветен на сите други луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Татко му на Зоки Поки не е многу дома, но кога е, тој речиси целото време му го посветува нему.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Знам, синко, знам, ама... - почна мајка му поблаго - ми е жал за тебе. Туку ела, земи ја боринава и посвети ми.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Родителите, ангажирани со секојдневните грижи, немаат време повеќе да се посветат на своите деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да знаев, место тебе - на ѓаволот ќе му го посветев синот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го молеа бога да им го остави жив, и му ветија, кога ќе порасне да му го посветат нему: да го изучат за поп.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На другиот ден, (на 318-т отци) одржав подолга реч храбрејќи ги малодушните, пробудувајќи ги заспаните духом, посветувајќи го народот во неговите црковни права, опишувајќи ја сликовито подмолната клевета врз основа на која патриархот Самоил ја укина архиепископијата Јустинијана I.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѝ кажуваше дека од истата болка боледувала и Ксенија Римјанка кога била девојка и Марија Египјанка, но собрале сили, се совладале, се откажале од сѐ и се покалуѓериле, му се посветиле на бога - и станале светици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе