посегне св.

посегне (св.)

Има ли таа право да протестира против бугаризирањето на Тетовско и да бара заштита на своите интереси таму против бугарските посегнувања?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако со око погледнам око е — да го ископам, ако со рака посигнам рака е - да ја исечам.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- За тие што посегаат по туѓо законот нека е жив. И министрите. И градската полиција.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На влегување, сега без тропање, ја најде Неда сред куќи каде му мете на прасето и посегна да ја фати за образ, ама таа му ја турна раката настрана и му ја покажа големата врата откаде можеше секој минут да влезе мајка ѝ, и му рече само: — „Пст, мац! Не ваќај кај шо не си клала ота може да е жешко да се попариш!“ — И навистина старата влезе со заграб борина и едно столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Да сте живи и здрави! — и посегна, и бакна рака на Стојанка и ја поведе горни крај на трпезата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едни објаснуваа на другите дека е поарно сноп да се вади, други велат „пресек“ е поарно, ама „високо посегна агата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Помеѓу мојата клупа и нивниот кафез се движи заштитна магла - ни јас можам да посегнам по нив, ни тие се во состојба да ме зграпчат и да ме испокинат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со смртен страв го кренаа гавазите пашата, ги збоднаа коњите, колку што можеа побрзо, ја напуштија Преспа, подгонети од мислата дека пашата го достигнало проклетството на неговите претци затоа што тој се дрзнал да посегне по скапоцениот прстен...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не, „само една минута ќе останам“ - си рече дајреџијата и посегна кон вратата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Посегна во пазувата, го извади својот часовник и ми го даде.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: (Гледа извесно време во насока каде што излезе Иван. Потоа, посега под столот и вади шише со ракија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Иван посега во пазувата и го вади револверот. Зазема позиција на одбрана кон вратата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Посегнува да ја угасне ламбата, но се присетува на нешто и пак си ја прибира раката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И за сето време, додека ја посегнуваше својата рака, сега веќе потклекнат, за сето време, додека ја приближуваше својата дланка до онаа кревко, подисплашено срнче притерано до ѕидот, мислеше само на тоа колку му е близок ножот, мачејќи се постојано да го има ножот во својот дофат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше незгодно вака, наеднаш да се прифати таа, само да се посегне раката и да се земе. Најмногу заради Змејка во ќошот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Претседателот сега мислеше дека може да ја посегне раката и да ја поземе лагата; дека би било толку просто дури и попросто од сѐ друго, кога би пукал за да лови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Море тој не е дете, бег шо ќе го залажуваш, — се јави мајка му место него и го зеде шеќерот од бегот, знаејќи дека Толе нема да посегне со своја рака да го земе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ама велат, дека никој не можел да посегне да земе од ниј, оти шом ќе посегниш, излегувал арап со калачка и не давал да земиш — му објаснуваше Јован на Толета за казанот лири што се наоѓал во, земникот на Сталета Чешелков.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тури мори, Вецо, да се напиеме; нека пукнат душманите, нека се радуваат пријатели! — заповеда чорбаџи Сиве и посегна да ја земе чашата од дизгот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе посегнеш кон едно, па ќе свртиш кон друго. И пак празна ќе ја собереш раката. 144
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе