посредник м.

посредник (м.)

Борхесовиот одговор беше венчавањето со Марија Кодама, преку посредници, во Парагвај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега композиторите можат непосредно да создаваат музика, без помош на изведувачот- посредник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дека тој не сака посредници.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не! Николина е и премногу самосвесна за да дозволи водење игри преку посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Помеѓу мене, жените и Непознатиот во соседната соба немаше посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓу сонцето и жената посредници нема кога се раѓаат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Иако сношти преживеа чувствителен удар, тој не заборови што му порача неговиот посредник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таа намера го тераше да смислува најразлични начини како да ја оствари, но на сите патишта пак му се јавуваше потребата од посредник.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јавната сфера игра улога на посредник помеѓу општеството и државата, во кој јавноста се организира како носител на јавното мислење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како простор на институции и практики помеѓу приватните интереси на секојдневието во граѓанското општество и областа на државната моќ, функцијата на јавната сфера е да служи како посредник помеѓу приватните интереси на поединците и барањата на општествениот и јавниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во претходните денови Јасер Арафат ќе настојува да биде посредник меѓу Багдад и Кувајт Сити.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се афирмира како непогрешлив во операциите, така што повиците за услуги во сложени ситуации од семеен, љубовен, деловен и криминален карактер толку многу зачестија, што тој мораше да ангажира телефонски и интернет посредник.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)