посткомунистички (прид.)
- Затоа и ве прашувам, бидејќи сте писател, интелектуалец, претставник на посткомунистичка земја...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа ја анализира тенденцијата на посткомунистичките жени проблемите на граѓанството да ги ставаат пред проблемите специфични за жените, и се залага за делумното оправдување на овој пристап.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Посткомунистичките жени исто така се соочуваат со прашањето дали конзервативните трендови во однос на жените во посткомунизмот се израз на еден патријархален културен систем кој му претходеше на комунизмот но беше држен под контрола од страна на марксистичкиот систем, или дали тие се резултат на самиот марксистички систем.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со својата еуфорија за градење, со својата слика за себе како за творец на новата посткомунистичка, постјугословенска Македонија, како вистински романтичар, тој покажа целосно непознавање на суштината на политиката.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во оваа посткомунистичка верзија на екстазата на комуникација, јавниот простор сѐ повеќе исчезнува пред налетот на семоќното рекламирање.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Инспириран од случајот на првата официјална женска туча на плоштадот во Скопје каде неколку скопски шмизли се изџигерија меѓу себе со шамари и боксои поради богат момак кој се вратил од гурбет ме наведе на една анализа на овој феномен кој е сѐ поактуелен во нашата посткомунистичка транзиција.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)