потен (прид.)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Си стоиме со Весна настрана, чекаме. Девојчето е нестрпливо, рачето му е потно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Потоа седна врз него, бришејќи си го потното чело, собирајќи здив, смирувајќи го своето возбудено срце.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се плашеше, но не сакаше да признае. Лицето ѝ беше бледо и потно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се разбира, таа миризма идеше од потната кошула на Стевана, но Толе се гнасеше од него придавајќи му повеќе „турчовина".
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се собраа сите потерни одделенија во Полчишта, се врши иследување и се установи, дека тој што побегна е Толе од Крушевица, мајстор на качиња, букари, самари, ама тие — полчиштани не знаеле дека тој е арамија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ценет граѓанин си. – Огромната, мека и потна рака му се спушти до образот, го потчукна два-три пати.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Потен Циганин, со голи, мускулести гради, ми мафта со сабјата пред очи: - Прашај го, ќе ти кажи, за ситен динар нема да ти лажи!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се потсеќам на зборовите на пријателот, сепак со задоволство загризувајќи го богатиот сендвич со шунка и домати, додека околу мене уважените учесници на собирот „Литературата и општеството“ весело наздравуваат до следната средба. – Колега, јел видите ово јебозовно дупенце – ми се обраќа новосадскиот професор, експерт за културолошки дилеми, но јас веќе отсутен, ѕурам на друга страна, во девојката во црн фустан, што лебдее меѓу потните гости како ластовичка во белузлавата магла на летната квечерина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Извади негде од внатрешниот џеб на палтото некакво стуткано и замастено шамивче и си го избриша потното чело.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Повремено, од под сенката на сливата, бабуњосан и потен, се јавува машинистот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така, уште запетлувајќи си ја кошулата и премислувајќи се дали да ја остави преку панталоните или да ја вовре во нив (првото беше недолично за старите, но поудобно за врелите ноќи, а второто попристојно, но и постегнато за потната снага), Ване влезе во кујната и веднаш забележа дека столот на гостинот - натрапник беше празен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Потоа ѝ светна дека веројатно и нејзе ѝ се направиле потни кругови исто како на водителката во емисијата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Рацете ти се стеблести гребулки под чии потни сокови полињата умираа за да се родат повторно;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)