поткрепа (ж.)
Им даваше морална поткрепа, гледајќи дека не се оставени од сите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Единствена поткрепа му беше секирата, со која сепак се чувствуваше малку посигурен, а го тешеше и сознанието дека „планината е чиста“, дека од поодамна не се зборува за волци и мечки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Имаше во тој негов поглед и морална поткрепа и заштита и радост и гордост...и пак во таа сала во која скоро половина од присутните беа мајки, ја барав, ми недостасуваше мама...
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
ЛИПА I Кога се решив да ја исечам неа кога се решавав челото со градушки ми се оросуваше а срцето ми биеше в грло кога се решавав зашто одлуката не беше лесна да се исече врсникот мој со кого растев од ластар што го следев до вита стеблика со која си игравме на врвот јас нејзе поткрепа ѝ бев таа пак мене лулка таа мене устрем во височини јас нејзе заштита од бубачки и мравки од црвојаднина.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Во 1878 година во Македонија избувнува Кресненското востание, кое, зашто нема поткрепа однадвор, каква што имаа востанијата на другите балкански народи под османлиско ропство, српските, грчките и бугарските, бидува задушено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Наполно допуштам, дека ти беше среќен со мене, затоа што и во најголемата несреќа таков голем егоист, каков што си ти, секогаш ќе ја најде за себе сигурната поткрепа во самиот себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Несреќниот Генерал веројатно сите нешта добро ги смислил и испланирал, се осигурал со убава поткрепа за во туѓина, само што не се обидел да му наѕирне во умот на својот ординарец.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во кафеаната спомна дека се варени и дека „откако ќе им додаде малку кромид и лимон ќе послужат како добра поткрепа за розето или мастиката. За жал пиво не држеле“.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Веројатно беше помислил дека ѝ е потребна поткрепа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ја примам твојата благодарност што во редот на многуте мајки ја имаш денеска и мајка Перса како поткрепа за вас двете, ама и вие голема поткрепа и радост за неа!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Не сметав дури и дека му е потребна поткрепа и дека токму од мене очекува таков вид подршка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа поткрепата ја има во Мурџо кој постојано е крај неа и внатре освен кога легнуваат со Пелагија во креветот, тогаш си го знае местото - надвор, во куќичката крај оградата на фабриката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Лицата им зрачеа од надежта, таа и така е сечија поткрепа, и на силни, и на слаби, си рече попот Ставре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мертен чувствува дека оваа тишина која ја исполнува замолкот пред предлогот да се уништи една вековно стара светија која е чувар на колективните спомени на јудејството во овој град и на овој древен простор, треба брзо да се надмине, па – веќе не барајќи поткрепа во ликот на својот двојник во униформа - се обидува да ги замајува со својот филосемитски шарм, на кој, помислува, можеби уште и му веруваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
- Можам, како не! Мене не ми треба потркепа од друг, јас сѐ можам сама. –отсечно ќе речеше.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Истата вечер стариот Голдблум, облечен во ноќна анетрија, додека жена му држеше свеќник над главата, ги броеше, потплукнувајќи меѓу прстите, крупните банкноти што ги редеше на постелата, подготвувајќи ги, заедно со неколку обврзници, како практична поткрепа на предлогот што го подготвуваше за утрешниот разговор со син му. „Дојдете”, ми рече д-р Астерид.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Одеднаш тој доби поткрепа. Се јави отстрана дебелиот:
- Пуф, за срам - срже тој со зарипнат бас. - И ова ми биле бугарски војници!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги кренав рацете, ги допирав прстите на неговите раце барајќи некаква надеж и поткрепа, но неговите прсти остануваа неподвижни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)