потпече св.

потпече (св.)

Змејко стана и ја прибираше храната. Печката беше усвитена и мирисаше на леб што се потпечува. Беше едно угодно, сито чувство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овците почнуваа да ги молзат дури на пролет, а кравите во ова време, обично пред телење, немаа млеко, па сувиот леб обично се јадеше потпечен или издробен, па со малку масло, малку сирење низ него, се пржеше на огнот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лебот што завчера го донесе од село уште беше мек, но момченцето беше навикнато зимно време да јаде потпечен леб, па отсече едно долго, тенко парче, го стави на машата и го принесе на жарот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седеа еден спроти друг и се гледаа право в чело, а сонцето ги потпечуваше озгора како на тлеан оган и тие си зборуваа тивко, речиси со шепот, да не ги исплашат рибите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Продолжуваше да живее во мојата свест, со вкусовите на кашите на сиромаштијата, на потпеченото тесто, извиено во чудесни форми од нејзините вешти прсти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја тргна едната пола, малку почека, чиниш нешто заборави, потоа другата и пред очи се откри румена, миризлива, од страните лесно потпечена и сѐ уште топла ... тиква.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имаше и полни чинии со бадемов кафен ориз - пилав (еден од специјалитетите на Кети), мелено месо и ориз завиткани во листови од зелка, пржени домашни колбаси, многу зачинети, чорба, длабоки чинии со мешана зелена салата, потпечени пиперки со маслиново масло и разни други зачини, вклучувајќи ја и неизбежната туршија од пиперки, жолти и со форма на рокчиња, за кои Даниел ја предупреди Рози, ”Немој да си гризнала од оние. Ќе ти ја изгорат устата”.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сакаше еднаш и таа да ги потпече на тивок оган.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бабата на дрвена табла со креда напишала: Тури потпечи... ѓомлезе... риба со гравче...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А некни еден ми умре. Печурка потпекол на жарче. Болката го изеде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)