поттргне (св.)
Иако беше двапати покрупен и повисок од Велета, тој се поттргна и отстапи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Неочекувано му дојде да ја теши дека се добро ќе се сврши и дека Јован ќе се врати здрав како риба, но место таква една сувишност, праша? „Знае ли жена му?“ Таа се поттргна малку назад.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но, уште веднаш, штом бичкијата се закопа во трупецот, а тој се поттргна малку настрана за да здивне, онака скапнат, со две врени клопчиња умора под своите мишки, погледот му запре на прозорецот и уште веднаш знаеше дека сега, само уште кусо време, ќе мора да дојде и крајот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Зоране, биди умен, - го поттргнува баба му. Зоки се сневеселува.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Но наеднаш Ѓеле се поттргнува и возбудено ми свикува: - Идат... Бегај!...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се поттргна настрана, а јас до неговото име додадов: „Водач“.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Нѐ фаќа и нѐ поттргнува, нѐ наведнува кон себе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Тие да биле арни не ќе дојделе дури ваму, му велам, заборави сѐ што било, земи изнаспи се, белки ќе ти се поттргне лошото, му велам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Едната нога му се држи само на ногавица. Ја сечат ногавицата, ја поттргнуваат и ногата му ја извлекуваат сосе алати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ние само се поттргнуваме, им правиме место за да поминат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас го поттргнувам за рака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Потоа таа го позна и, мислиш, пречекува свој домаќин што се враќа од живеење, се поттргна, без збор ослободувајќи му пат кон светлоста зад себе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Веќе ми жежи, ми ги гори прстите, а јас не се иставам, не ги поттргнувам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Како да не допрел вресокот на Милка до неа, како да се буди од длабок сон, ги оптегнува нозете, рацете го џбарат веленцето, се чепчат за него, го поттргнуват нагоре и тие се откриваат со сиот блесок до над колената.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Па и онаа драма на тоа дете, доживеана на парчето лединка на почетокот од ниската шума над Маказар, кога на Зара, тогаш крупна убава девојка, возрасна, седната со поттргнат фустан, ѝ ја виде црната птица меѓу нозете.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Летка не ѝ се спротивстави на неговата намера, но тој, бидејќи не знаеше колку е сериозен разговорот што таа го води, помисли дека можеби претерува па почна повторно да ѝ ги закопчува панталоните поттргнувајќи се од нејзиниот задник и повлекувајќи ги дланките кон слабините со намера да ги прошета нагоре за да не ѝ помислат дојките дека ги заборавил. Најмилото е најсуетно...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сега, откако дедо Најдо со поттргнување на катинарот се увери дека добро заклучил, се осигури дека добро го држи бастунот и се сврте да тргне кон сретселото „Добро утро, дедо Најдо“, му рече авторот подвикнувајќи. „Или добар ден“, се коригира.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ја поттргнувам машината за пишување со листот во неа и, онака, замислено, гледам во последната реченица од незавршениот текст: „Тука се поставува прашањето...“
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Таа се поттргна настрана, а во очите ѝ се појави страв - Не, не можам...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Улогата на кампот е да го разбие издишаното, свечено, здодевно еднолично обожавање на убавината, да им овозможи на геј-мажите кои ја посакуваат и ѝ се восхитуваат на убавината да се поттргнат иронично од својата неиронична посветеност на неа, да ја погледнат од гледиштето на постколонијалната разочараност наместо од гледиштето на исчекувачката возбуда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)