поуспокои (св.)
Децата се поуспокоија. Уплаканите лица им се поразведрија кога се видоа во дворот под сенките на големите круши, сливи и кајсии.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овој одговор малку ме поуспокои, иако на старата не можеше секогаш да ѝ се верува.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Неговото жаболико лице се поуспокои, па доби дури и малку побожен израз.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И така, Пискулиев се откажа од намерата за бегање, се помири со судбината каква што е и каква што ќе дојде, а тоа и го поуспокои и го врати во неговата обична рамнотежа на духот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)