праисториски прид.

праисториски (прид.)

Долго не можев да заспијам, замелушен од рајот глетки од праисторијата, во кои бронтопсот, пробивајќи се низ џунглата од џиновски папрати, во скржавата светлина на праисториското утро, без престанок ждере плодови, инсекти, јајца, корки леб, кобасици, и некои растревожени човечиња што безглаво упаѓаа во неговата расчепена, лигава челуст...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дозна дека тврдината била населена уште од праисториското време, уште од неолитот и раното бронзено доба, четири илјади години пред новата ера, за што сведочеле остатоци од земјанки, колипки, палисади.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие нови зданија, заедно со стариот Камен мост и големата извишена тврдина зад нив, позната уште од праисториските времиња како главно упориште на сите империи на Балканот, ја формираа трајната физиономија на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, како посебно интересно се наложува присуството на козите на Балканот уште од праисториските времиња, нивното присуство ѝ претходи на Византија и, се разбира, на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постапката на „емајлирањето“ на Аполинер добива на значење ако се сетиме дека праисторискиот човек го боел телото на мртовецот во уверение дека со тоа ќе му обезбеди задгробен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А голото во век и веков си е праисториско место каде што пред секој нов самрак пеперутките наоѓаат пристан на голите дланки брчкосани од толку многу прочитани судбини.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)