прашума (ж.)
Во едно зелено катче од Изложбата, заокружено од сите страни со дрвја, се забележува една импровизирана негарска населба, слична на тие во Централна Африка: наоколу густа прашума, испресечена со реки, а на една чистинка и населба: сламени колиби со бамбусови дрвја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Престанаа да трчаат и застанаа сред големата прашума што ја прекриваше Венера, што растеше и никогаш не престануваше да расте, бурно, дури пред нивните очи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Прашумата имаше боја на гума и пепел, заради долгите години без сонце. Имаше камена и мастилеста боја.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Под ниските и густи прашуми
кајшто од сонцето пристига припекот
од ветерот затишјето
а светлоста блуди панично
како неуслишен порив.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)