пребарува несв.
пребарувач м.

пребарува (несв.)

Можеби. Или не беше ништо. Но сеќавањето копаше по своето дно, пребаруваше, го разгрнуваше мовот на заборавот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Секој од нив само за себе како да ја пребаруваше таа сребреста чистина, не признавајќи никого друг, ничие туѓо пребарување, а набргу тој ги слушаше и нивните стапки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Клекна пред него како на обред и му ги стави дланките на колковите па почна да го пребарува преку широките шајакни бечви.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите одбираат нешто, превртуваат, пребаруваат. Ние стоиме и гледаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пребаруваат: - Камо чорба, викаа и ништо од чорбата, ако не цапа во неа петел.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој, како Гоше Љубин, пребаруваат по торбите, по џебовите, по пазувите од мртвите. 68
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Достасаа Озновци од Прилеп и од Битола; иследуваа, сослушуваа, држеа конференции и кога не им појде од рака да посочат кој го убил Пената, прогласија дека реакција во Потковицата има исфрлено комити во шумата, дека тие, комитите, дење си седат дома и работат по полето, а ноќе бегаат во гората и убиваат, па ја вооружија младежта и почнаа да ја пребаруваат шумата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Музика? - Молам? - Дали сакате да пуштам некоја плоча: (пребарува по плочите) Вие, која музика најповеќе ја слушате?
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Булуци птици ја пребаруваат превртената земја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас уште повеќе му ја пребарувам главата: не сакам да го делам со вошките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се правеа потери: се опколуваа и пребаруваа сите места во селото и околу него, се правеа проверки и во другите села, упаѓаа џандарите ненадејно во куќите, плевните, кошарите, бачилата, пештерите, се пребаруваше секое делче каде што се претпоставуваше дека Анко се крие, но безуспешно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видливо поистоштените останале да спијат по слабата вечера кој каде, во своите двоколки или во некоја плевна, или пред штала во која добичињата си ги плеткале роговите над грст сено, половината отишле со Онисифоровците да ја пребаруваат шумата над селото, за стражари биле определени Лазар Аргиров, Јован-Стојче Столетников, Никола Влашки и Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ми продолжуваше да чита, а Чанга живо пребаруваше во спомените од поранешните прошетки низ Калето, со козите или сам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одеше прво до своите книги, продолжуваше да прелистува, да бара, да пребарува во книгите, во сеќавањето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– Каде ги дадовте козите! – продолжи шефот, додека неговите придружници веќе пребаруваа во дворот, во куќата. – Таму, таму ги дадовме! – процеди мајка ми покажувајќи кон паркот... – Каде таму... подобро кому?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
23.00 Час подоцна пребарувам по парчињата хартија лежејќи на мојот кревет и ги читам овие забелешки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа се вовлекува во неговата душа и ја пребарува со невидливи страсни прсти.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе