преграда (ж.)
Уште повеќе, ние сакавме да им покажеме на Русите дека нема во Македонија неколку словенски народности, а има само една; дека Македонските Словени можат сами да ја разрушат таа преграда што е поставена меѓу нив од пропагандите и од нивното образование во Бугарија, Србија или Грција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На средето куќата се дели на два дела, но не со преграда, ами со една долга греда колку што е широка куќата (колку да се знае оти е разделена) спружена од едниот до другиот ѕид поземи, таа греда се вика „долното било“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Виде гола празнина без прегради со едно дно и безвредни хартии на тоа дно и не поверува.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Дури по подолго барање, во најдолната преграда наоѓа ред шишиња со ракија.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Овој секојдневен џагор на животот зад ѕидот создаваше во него илузија дека меѓу него и оние таму не постои камена преграда што ги дели и, едноставно, тој е неразделен учесник во нивниот живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И длетото тоне, и длетото ја истенчува преградата зад која се наоѓа злиот молох.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Само на две педи од неговите очи се рони земјата, дебелата преграда зад која го чека триумфот на постигањето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се втурна низ скршената преграда, само за миг, преплави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без ништо поколебано и без никаква преграда.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан ги пушти прво нив и почека малку додека тие се спуштија до потокот, па ги пушти и овците од втората преграда.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Говедата - три крави, едно јуне, две јуници и двата вола, беа во посебна преграда.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но Моше бен Азај не можеше да се оддели од чудесниот камен, туку го чуваше во едно ковчеже, засолнето во скриената преграда во ѕидот за која знаеше само жена му.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но и да се спасеше кутрото козле повторно ја чекаше јаже, преграда, затвор во куќата на господарот Сеген.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во преградата на ковчегот забележува албум.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
По многу такви заеднички насладувања на очите, таа еден ден ја тргна штицата од преградата што ги делеше алињата која претходно ја имаше отковано, и се протна кај него.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Си беше наредил тука вистинска гимнастичка сала меѓу две прегради.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ти ги симнав гаќичките од бикинито по тенките прегради на твоите нозе, а ти ги потегна моите шорцеви под работ на исончаното.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)